Младиот претставник на Швајцарија, Gjon’s Tears е најголемиот фаворит за победа на Евровизија оваа година, според обложувалниците. На два месеци пред одржување на ова најголемо европско музичко шоу швајцарскиот претставник е фаворит на обложувалницата и има скоро 20% шанси за победа.
Зад него веднаш е претставникот на Бугарија, додека во топ шет држави за победа се Франција, Шведска и Италија.
Од балканските земји засега само Бугарија е фаворит, бидејќи останатите држави, меѓу кои е и Македонија се далку на дното на листата. Според обложувалниците од балканските земји најдобро котира Грција, која се наожа на 16тото место, Романија е на 17, додека Хрватска е на 20тото место.
Српските претставници, групата „Хурикејн“ во моментов се наоѓаат на 30. место во обложувалницата „Свет на Евровизија“, од можни 40, што значи дека шансите за победа се само 1%. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев е на 32 место, додека зад нас се Словенија и Албанија. Словенија е 39та, што значи претпоследна, додека Албанија е последна на 40тотот место.