Албанец приведен на ГП Стење – криел Палестинец во камион – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 11:46 AM

Албанец приведен на ГП Стење – криел Палестинец во камион

Вчера на Граничниот премин Стење, при контрола на товарно моторно возило „ман“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Ш.(40) од Р.Албанија, полициски службеници, во соработка со царинските служби, во задниот дел на возилото, откриле скриено едно лице, кое било без документи за идентификација, а изјавило дека е А.Г.(33) од Газа-Палестина.

Двајцата биле приведени и предадени на полициски службеници за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.