Неверојатна приказна: Болно улично куче само дојде кај ветеринар и покажа каде го боли – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 9:51 AM

Неверојатна приказна: Болно улично куче само дојде кај ветеринар и покажа каде го боли

Бездомно куче од Бразил стана планетарен хит кога бразилските медиуми ја објавија приказната за неговото одење на ветеринар. Имено, кучето во тешка здравствана состојба се појавило пред вратата на ветеринарна амбуланта, што било регситрирано од надзорната камера, влегло и од вработените со гестикулација и со поглед побарало помош, пренесува „Телеграф.рс“.

Ветеринарката Дајсе Фереира завршувала со преглед на друго куче што било донесено од сопственичката, кога на вратата видела куче што накривнува. Како што изјави, таа и нејзините колеги останале вџашени од животното кое презело иницијатива и побарало нивна помош.

„Кога влезе, ја подигна повредената шепа како да не’ поздравува, но во случајот беше да покаже каде го боли. Бевме изненадни зашто знаел каде и од кого да побара помош“, рече Фереира за порталот „Додо“.

По брзиот преглед, ветеринарката открила дека шепата не му е многу сериозно повредена, но се покажало дека кучето имало многу среќа што ја посетило амбулантата зашто имало мал тумор прекриен со болви. Двата проблема веќе се излечени со соодветна грижа и нега што ја добило умното куче.

По објавувањето на оваа неверојатна приказна, пристигнале понуди од многу семејства за вдомување на кучето.