Видео: Откажани бројни летови поради голема песочна бура во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 9:44 AM

Видео: Откажани бројни летови поради голема песочна бура во Кина

Главниот град на Кина, Пекинг и дел од северот на земјата денес се зафатени со најлошата песочна бура во последната деценица, поради што се откажани стотина летови. Солитерите во центарот на Пекинг исчезнале од видикот во облаците од прашина и песок. Сообраќајот е забавен, а повеќе од 400 летови од двата главни аеродрома во градот се откажани.

Ваков тип бури некогаш редовно се случуваа во овој период од годината, кога ветровите „носеа“ песок од западните пустини дури до Јапонија. Интензивното садење дрвја и грмушки во најчувствителните области го намали интензитетот на бурите, но секогашното проширување на градовите и индустријализацијата имаат постојан притисок врз животната средина во цела Кина.

https://www.youtube.com/watch?v=VFosLh93uqc

Националниот метереолошки центар прогнозира дека песокот и прашината ќе погодат 12 провинции и региони.

„Ова е најјаката песочна бура која ја погодила нашата земја во последните десет години, а исто така опфаќа и најголема површина“, наведува Центарот на својата веб страница. Еколозите велат дека  Кина мора да направи повеќе за да ја намали зависноста од јаглен, поради што стана најголем емитер на штетни гасови кои влијаат на создавањето климатски промени.

 

Извор:  beta.rs