Облачно и студено со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Такво ќе биде времето денеска според прогнозата на УХМР. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Попладне ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Дневните температури до крајот на седмицата ќе бидат слини на денешната, а утрата ќе бидат постудени.