Бронзен медал за каратистот Павлов во Истанбул – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/21 1:10 PM

Бронзен медал за каратистот Павлов во Истанбул

Емил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4:1.

Претходно на патот до меч за бронзата, завчера Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3:0, Афеф Гаит од Јордан со 3:2 а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8:3 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен со 2:5 од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев.

Оваа победа и освоениот бронзен медал за нашиот најдобар каратист ќе му ја зголемат самодовербата пред Европското првенство во Пореч и квалификацискиот турнир во Париз на кој Павлов ќе се обиде да обезбеди олимписка норма за Игрите во Токио.

Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија- 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи во категорија – 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор Крстевски имаше две победи, како и Абдурахом Идризи во – 60 кг. Во кати, Пулексенија Јовановска оствари пласман на 13тото место. К1 Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето, а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји.