„Одмаздата се сервира ладна“, поговорка погодна за да се опише денешната ситуација од нисколигашкиот дуел помеѓу Морекамб и Њупорт.
Фудбалерот на Њупорт, Кевин Елисон, постигна погодок за 1:3 и победа на својот тим на гостувањето против неговиот поранешен клуб, а голот го прослави на неконвенционален начин.
Елисон ги рашири рацете и се упати кон клупата на опонентот, токму пред лицето на неговиот екс-тренер. Причина за таквото славје? Стратегот на Морекамб го казнил и натерал Елисон да тренира сам и исклучен од првиот тим. Третманот Елисон не го заборавил и одвај го дочека моментот на повторно соочување со „стариот добар пријател“.
Newport’s Kevin Ellison scores against former club and celebrates in the face of the manager that made him train on his own.
This is the sort of pettiness we can all get behind… pic.twitter.com/6VfY9D1AiI
— Not Match of the Day (@NOT_MOTD) March 13, 2021
Магијата на фудбалот од пониските дивизии.
Фото:
southwalesargus.co.uk