Струшките велосипедисти бараат изградба на велосипедска патека покрај стариот пат кој од Струга води за Охрид. Велат дека не се чувствуваат безбедно, затоа што и покрај големиот интерес за возење велосипед, нема соодветна инфраструктура за тоа.
Последниот случај, со загинувањето на 17 годишен велосипед, од струшкото село Ливада, кој беше удрен од страна на автомобил на овој патен правец, само го актуелизира ова прашање. Преку граѓанска иницијатива, тие на мирен протест кој се одржа пред општина Струга, упатијa неколку барања до надлежните локални и државни институции:
1.Општина Струга да одржи состаноци со општина Охрид, општина Дебрца и државната компанија „Македонија Пат“ за решавање на овој проблем
2. Да се преземат чекори за проширување на патот Струга-Охрид, бидејќи претставува опасност за велосипедистите и пешаците
3. Да се изгради велосипедска патека со инфраструктура Струга-Охрид, како што е изградена од другата страна на границата (Лин-Поградец)
4. Полициско присуство за викенди, кога има повеќе велосипедисти. Велат дека властите под итно треба да направат нешто, додека не биде предоцна
-Денес сме собрани за да ја искажеме нашата тага за една реалност, за која ако не се огласиме може да не чини друг живот. На патот Струга-Охрид, честопати има велосипедисти. Но не само тоа, туку и пешаци и претставува опасност и за нив. Иако овој пат не е под надлежност на општина Струга, со самиот факт што претставува клучна артерија, од каде граѓаните на Струга секој ден поминуваат, очигледно е дека решението се очекува да биде иницирани и од општината, вели Бетим Ибраими од граѓанската иницијатива.
Тој додаде дека не сака празни ветувања и дека каузата ќе заврши само тогаш кога барањата ќе бидат исполнети.
-Нашата кауза завршува само кога нашите барања ќе се исполнат. Не сакаме празни ветувања. Сакаме само дела, рече Бетим Ибраими.
Организаторите велат дека ова е само прв чекор, во нивниот обид да ги натераат властите да направат нешто.Доколку не ќе продолжат да протестираат. Инаку оваа делница беше реконструирана пред околу две години.Но и покрај тоа што беше ветувано дека ќе биде изградена велосипедска патека, тоа не се случи.
-Од сите што сме денес дојдени, можеби 80% имаме доживано некоја сообраќајно незгода или сме удрени од автомобил. Многу се користи патот за рекреативни цели, за велосипедист и атлетичари.Тој пат е најнебезбеден во моментот. На тој пат не се само велосипедисти настрадани. Има погинато и моторџии, но и други во автомобилски несреќи. Сигурно се десеттина и повеќе, изјави Никола Кутаноски-велосипедист.
Мики Трајковски