Заха е првиот играч во Премиер Лигата кој не „клекна“ во знак на поддршка на „Black Lives Matter“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/21 6:30 PM

Заха е првиот играч во Премиер Лигата кој не „клекна“ во знак на поддршка на „Black Lives Matter“

Смртта на Афроамериканецот по име Џејкоб Блејк во американската држава Висконсин во август минатата година, ги разниша столбовите на американското општество и предизвика масовни протести на движењето „Black Lives Matter“ во земјата и надвор од неа.

Расизмот како проблем на глобално ниво беше препознаен во различни сфери, па така и приближно сите спортски настани изминатата година, но и оваа, започнуваа со „клекнување на колена и стисната тупаница во воздух“. Премиер Лигата инстанто ја презеде оваа иницијатива и прва започна со практикување на оваа кампања и испраќање порака.

Но, некои спортисти и фудбалери, по извесно време негодуваа поради ваквиот начин на искажување поддршка, велејќи дека проблемот се банализира и е подлабок одошто се мисли и може да се манифестира на еден фудбалски натпревар.

Еден од нив е и фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Вилфред Заха, кој денес не го направи вообичаениот гест и остана цврсто на нозе пред почетокот на дуелот со ВБА. За него не е важно дали ќе се клекне на центарот на теренот или не, бидејќи секако расистичките напади ќе продолжат, дали на трибините или на интернет просторот.

-Сметам дека клекнувањето пред почетокот на секој меч веќе е рутина и во моментов не е важно дали некој ќе стои на нозе или ќе клекне, бидејќи некои од нас секојдневно се малтретирани ионака. Ние треба да поттикнеме и да се избориме за подоборо образование во училиштата, а социјалните мрежи и нивните раководни лица треба и мора да преземат посилни мерки против луѓето кои малтретираат други луѓе онлајн, изјави Заха.

Кристал Палас се врати на победнички патеки и го порази веќепрежалениот Вест Бромвич Албион со 1:0. Лука Миливојевиќ од белата точка ги донесе трите бода за екипата на Рој Хоџсон.

 

 

 

Фото:

Тwitter / @ESPNFC