Со 1,2 милиони денари Општина Крива Паланка ќе поддржи проекти на граѓанските организации и фондации – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/21 4:12 PM

Со 1,2 милиони денари Општина Крива Паланка ќе поддржи проекти на граѓанските организации и фондации

Општина Крива Паланка издвои 1.2 милиони денари од сопствениот буџет за финансиска поддршка на граѓанските организации што дејствуваат на подрачјето на општината.

Средствата се предвидени со Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2021 година, а се наменети за проектни активности во областа на: подобрување на условите за живеење на социјално маргинализирани лица, активности за креирање и имплементација на младински политики и потреби, културно – историско наследство, заштита на животната средина и локален економски развој.

-На десетти март истече крајниот рок за доставување  пријави, а право на учество имаа само фондации и здруженија што основани  и со седиште на територијата на Општина Крива Паланка. Буџетите за предлог проектите се ограничени во рамка од 30.000 до 60.000 денари. Во наредниот период следува процес на селекција и оценување на пријавите,  административна проверка на доставените пријави и тidехничка и финасиска евалуација, по што ќе се објават резултатите, информираат од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Учесниците на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите најдоцна 30 дена по истекот на крајниот рок за доставување на пријави.