Амбулантното возило кое утрово учествуваше во сообраќајната несреќа која се случи кај Крупиште, превезувало ковид пациент.
Во сообраќајката повредени се возачот на возилото и пациентот, кои веднаш биле префрлени во штипската болница. Од таму се препратени на Трауматологија во Скопје, каде што им се констатирани фрактури, а едниот има и повредена глава.
Како што претходно информиравме сообраќајката се случи во 09:50 часот кај Крупиште на патот Штип – Кочани при директен судир помеѓу амбулатното возило и камион Кипер.
Фото: Пожарна Пробиштип