Традиционален рецепт – Кадаиф со ореви – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/21 11:54 AM

Традиционален рецепт – Кадаиф со ореви

Според народните обичаи за Прочка се подготвува кадаиф. Овој традиционален рецепт за кадаиф вреди да го пробате.

Состојки:

1 пакување кадаиф (400-500 гр.)

200 гр. путер

4 лажици масло

400-500 гр. ореви

За шербет:

1 кг. шеќер

3 парчиња лимон

вода

Подготовка: Путерот и маслото ставете ги во тенџере на загреана рингла, путерот да се растопи и држете го на загреан шпорет. Оревите исечкајте ги на крупно. Половина кадаиф истресете го во тепсија и фино распоредете го. Врелиот путел, од прилика една третина со лажица полека прелијте го по кадаифот, па рамномерно распоредете ги оревите. Остатокот од кадаифот распоредте го врз оревите и лесно притиснете со рацете. Релијте го со остатокот од путер и масло.

Рерната загрејте ја на 170 степени и кадаифот се пече оолу еден час.Кога ќе се одвои од ѕидовите на тепсијата, значи дека кадаифот е готов.

Штом го ставите кадаифот во рерна почнете со подготовка на шербетот.. Тој мора да биде густ и тоа е навистина важно за да биде успешно направен кадаифот. Во тенџере ставете го шекерот и вода колку шекерот да се потопи и еден прст плус. Додадете и лимон. Кога ќе почне да врие намалете ја температурата и гответе уште 15 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган.

Кога кадаифот ќе се испече извадете го од рерна и оставете го малку да се олади, околу 10 минути. Шербетот топол со лажица полека се истура врз кадаифот. Шербетот повторно вратете го на рингла да се вари уште три минути, па повторно тргнете го и прелијте го кадаифот. Додека завршите со целиот шербет, па потоа оставете го кадаифот да се излади на собна температура.

Извор: Фактор.ба