Раперот Стефан Ѓуриќ Раста е осуден на 12 месеци куќен притвор, на основ признавање на обвинението.
Тој излегол надвор на тераса од својот луксузен стан близу храмот Свети Сава, малку да се прошета.
Минувачите го забележале па го прашувале како се чувствува во куќен притвор, а Раста ја подигнал ногата, па ја покажал алката.
-Како алката, те стега ли?, прашал еден минувач.
-Еве издржувам некако! Ме стега! Еве стигнува полиција, рекол тој.
Пред речиси пола година раперот беше приведен кога полиција кај него пронајде 5 грама спакувана марихуана, а потоа, во претрес на станот, уште еден килограм марихуана.
@.stefanrasta 😂😂😂dobro je!!!#fyp #stefanrasta