ЕУ го продолжи времетраењето на санкциите против Русија – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 6:07 PM

ЕУ го продолжи времетраењето на санкциите против Русија

Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за продолжување за уште шест месеци на времетраењето на санкциите спроведени против Русија, со образложение дека ја дестабилизира Украина, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Советот на ЕУ соопшти дека донеле одлука до 15 септември 2021 година да го продолжи времетраењето на рестриктивните мерки кои ЕУ ги спроведува против Русија, затоа што претставува закана за територијалниот интегритет, сувереноста и независноста на Украина.

Во соопштението се вели дека во согласност со санкциите, бројот на лица чиј имот е замрзнат и против кои е донесена забрана за патување, изнесува 177, додека бројот на компании изнесува 48.

Овие санкции на ЕУ вклучуваат голем број руски и сепаратистички високи претставници.

Русија во март 2014 година на илегален начин ги анектира Крим и Севастопол.

По руската анексија на Крим и настаните во источниот дел на Украина, ЕУ, САД и некои други земји почнаа да спроведуваат санкции против Русија.