Советот за безбедност ја разгледа Информацијата за стратешките набавки во Армијата – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 5:19 PM

Советот за безбедност ја разгледа Информацијата за стратешките набавки во Армијата

 Во Кабинетот на претседателот на Републиката денеска се одржа 11. редовна седница на Советот за безбедност, на која беше разгледана Информацијата за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на седницата беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО.

– Највисока стратегиска цел на змјава како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба, се вели во соопштението.

На седницата, што ја свика шефот на државата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.