Потпишан меморандум за соработка помеѓу младинскиот ценатр „iCan” и училиштата во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 3:34 PM

Потпишан меморандум за соработка помеѓу младинскиот ценатр „iCan” и училиштата во Гостивар

На средбата помеѓу претставниците на младинскиот ресурсен центар „iCan”, локалната самоуправа и директорите на училиштата се потпиша меморандумот за соработка со што како приоритет ќе бидат опфатени учениците до 18 години. Младите ќе се обучуваат и подготвуваат со актуелни знаења и методи кои училишните наставни програми не им овозможуваат.

Азир Алиу, координатор на „iCan”, смета дека овој центар може да понуди соодветна обука, а младите за кратко време да ги претворат своите идеи во реалност.

Аслиан Снопче, раководител на секторот за образование во општина Гостивар, напомена дека овој центар има големо значење за развојот на младите кои во иднина треба да бидат лидери во промените во земјата.

– Задоволство е да се биде тука и да се видат објектот, условите и потоа да се зборува за различни теми од кои ќе имаат корист учениците од основните училишта и оние од средните училишта. За средношколците, овој тренинг центар ќе овозможи да се истакнат нивните вештини и талент, рече Снопче.

Центарот „iCan” покрај младите, делувањето го насочува и кон бизнис секторот. Координаторот Алиу посочува дека за помалку од еден месец од почетокот на нивната работа, постои огромен интерес од компаниите за соработка.

-Имајќи предвид дека ова е единствен центар од ваков тип во нашата земја, бизнис секторот ќе треба да се заинтересира повеќе за тоа што го нудиме и кои се придобивките. Ние имаме за цел бизнисите да бидат поконкурентни и да го зголемуваат нивниот квалитет. Од досегашното кусо искуство од првата фаза верувам во многу добра соработка, бидејќи имаме заеднички интерес, рече Азир Алиу, координатор на iCan”.

Ресурсниот центар неодамна беше отворен и нуди обука за невработени до 29 годишна возраст, а во него може да се вклучат поединци или компании од целиот полошки регион.