„Љуби га мајка“: Почина Дара од Жикина династија – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 9:00 AM

„Љуби га мајка“: Почина Дара од Жикина династија

Српската актерка Даринка Дара Чалениќ почина минатата ноќ на 87 години, после долга и тешка болест.

Дара Чалениќ беше препознатлива по улогата на Дара Павловиќ, жената на Жика во филмот „Луде године“, пишува сајтот Биографија.орг.

-Не ми се допаѓа што ликот на Дара стана премногу популарен: каде и да ме видат, не ми се обраќаат како Дара Чалениќ, туку „љуби га мајка“, рекла Дара во една прилика за Пулс.

Родена е на 18 јули 1934 година во Нови Сад. Со сопругот Владимир Владо Петриќ живеела во Америка. Со глума активно се занимавала од 1957 до 1988 година, а за тоа време снимила 24 долгометражни филмови, 26 телевизиски филмови и 12 серии, а остварила и бројни улоги во театар.

Се до 2015 година живееле во Бостон и редовно доаѓале во Белград. Кога доживеала мозочен удар и било забрането да лета со авион, па трајно останале во српската престолнина. Актерката со години била во количка, но поради нејзиниот ведар дух и полна со љубов, никогаш не изгледало дека имала потешкотии.

Таа и нејзиниот сопруг ја основале фондацијата „Дара Чалениќ“ која од 2004 година доделува специјални награди за најдобар актер и актерка до 30 години.

Чалениќ ќе биде погребана во кругот на најблиското семејство во Нови Сад.