Без никакви претерување и со целосна одговорност може да се каже дека Ромелу Лукаку е движечката сила на потенцијално новиот италијански шампион Интер сезонава.
По доаѓањето на „Џузепе Меаца“ во 2019 година, Белгиецот ја рестартираше кариерата во Сериа А и се наметна како еден од најдобрите фудбалери кои лигата ги поседува. Трансферот од Манчестер Јунајтед вреден 74 милиони евра, доколку ги прашате фановите на Интер, оправдан е во целост. Некогашниот јуниор на Андерлехт и играч на Челзи, постигнува голови, асистира, победува натпревари.
Дваесет и седумгодишниот шпиц во 33 меча сезонава постигна 24 погодоци и успешно додаде седумпати. За неговата форма, помеѓу останатите работи, според Лукаку е заслужна анализата на телото која ја направил уште по пристигнувањето во клубот од Милано и промената на начиност на исхрана во последните две години.
-Веднаш кога дојдов во Интер направив анализа на моето тело и оттогаш се променија многу работи. Почнав да јадам салати и риба, а потоа се чувствував подобро и побрзо на теренот, изјави белгискиот репрезентативец за „Italian Football TV“.
Интер во кампањата 2020/21 се наоѓа на првата позиција на табелата во Сериа А со шест поени повеќе од градскиот ривал Милан.
Фото:
sillyseason.com