Нови мерки за лицата кои ја загубија работата поради пандемијата – грантови до 10.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 12:16 PM

Нови мерки за лицата кои ја загубија работата поради пандемијата – грантови до 10.000 евра

Шанса за сите – вака гласи новиот Оперативен план за активните програми и мерки за вработување на услугите на пазарот и трудот за 2021 година.

Фатмир Бетиќи, вицепремиерот за еконмските прашања образложи дека со новиот оперативен план за 2021 година.

Бетиќи  посочи дека секое работно место и секој работик се важни во оваа држава, и поради тоа во време на пандемија и кога здравјето е најважно, се направени пририоритети од пет мерки кои оваа Влада ги донесе поради Ковид 19. Овој оперативен план ќе се базира на три принцпи:

– Справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата

– Дивирзитетот и инлузивност на еничката половата религиозната, расната кои се во ризичната група.

– Потикнување на рамномерниот  регионалниот развој

Министерката Јагода Шахпаска посочи дека со креирањето на овој план и буџет има цел на поголема инклузија и вработувања. Исто така кажа дека целта на овој план се невработените лица, младите лица со непречност, оние кои останале без работа, што побрзо да дојдат до вработвање. Шахпанска исто така нагласи дека овој план е креиран поради пандемијата. Со имплементацијата за самовработување, грантови од 5.000 евра со еден вработен и 10.000 евра со двајца вработени, и помошта ќе се дава во пари. За оваа поддршка за новите работни места издвоени се 513 милиони денари. Исто така министерката изјави дека со овој план ќе се намалкува невработеноста, и лицата со непреченост, лицата со хронични болести ќе им се обезбеди обука за невработени лица за работни вештини кои можат да се вработат со средно образование, оние кои е ја посетуваат обуката ќе добијат 9.000 денари, а тие што ќе обучуваат ќе добијат 30 илјади денари, со оваа мерка ќе бидат опфатени 150 лица.

Оваа мерка опфаќа и практиканство до 1400 лица кај работодавачи кај приватен секстор и кај граѓански организации и испалара на малдински додаток со 3000 денари до 23 години.

Абдуш Демири, Директор на Агенцијата за вработување посочи дека тие како агенција се во директен контакт со невработените лица, и преку овој план агенцијата ќе се задолжи за нови работни места, како што посочи Демири од денеска невработените лица можат да аплицираат за самоврабтување, 1762 невработени лица да станат претприемачи, или до 615 илјаади денари ако има по двајца подружници, 866 невработени лица кои потешко се наоѓаат на пазарот на трудот, парктиканството кое исто така аплицирањето започнува од денеска. 1413 лица до 34 години со минимум средно образование за период од три месеци.

Исто така мерката опфаќа и обуки од познат работодавач до 152 неврабтени лица со надомест од 9000 денари од времетрањето на обуката од три месеци. Исто така и луѓето со ниски класификации, ќе се добива по 400 денари по работно ангажирано лице.