Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров е позитивен на Ковид-19. За ова тој денеска објави на својот фејсбук профил.
Во изјава за МИА вели дека продолжува со работа во домашни услови.
– И покрај заштита за цело време на пандемијата на Ковид-19, резултатот од тестот кој го направив вчера, откако почувствував покачена телесна температура, е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите, напиша Петров.
Вели дека вирусот е опасен и непредвидлив и апелира да се почитуваат препораките за заштита.
– Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на Ковид- 19, порача градоначалникот.