Никола Роквиќ ја прими вакцината – Пејачот мета на брутални навреди – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 10:21 AM

Никола Роквиќ ја прими вакцината – Пејачот мета на брутални навреди

Популарниот пејач Никола Роквиќ ја прими вакцината против корона вирусот па се најде на мета на критика и негативни коменари, а пејачот не можеше да се воздржи па им одговори во свој стил.

Имено, Никола се вакцинираше пред два дена, 9. март, а фотографијата од вакцинацијата ја објави на Инстаграм. Меѓутоа, неговата објава предизвика разни коментари од кои типот дека „вакцината е сатаничка“ и ако верува во Господ, како пејачот можел да ја прими таа вакцина.

Роквиќ културно одговори на негативните коментари и на поединците им објасни што всушност значи вера, а во таа прилика се заблагодари и на медицинските работици кои спасуваат човечки животи.

Верувам во Бога и се вакцинирав! До вчера навистина мислев, но и понатаму мислам дека тоа е сосема нормално и природно… Да јас верувам во Бога и верувам на медицината помага. Во мојот живот е така секогаш. Тие две работи не ги раздвојувам. Тие за мене се дополнуваат. Од неколку навреди и разочарувања на некои луѓе кои себе се нарекуваат верници… напишал Никола и додал:

– Како смеев да ја примаам таа сатанистичка вакцина, корона не постои, зошто маса, зошто пропагирање на отрови, жик, закани… Каква врска има сето ова со љубовта? Браќа и сестри , каде ви е љубовта? Каде е таа суштина на верата? Дали сте се помолиле за мене или само едвај чекавте да фрлите камења, да ги истресете фрустрациите и лудите теории… Како сето ова има врска со БОга и верата… кој е тука на кривата стаза? Од каде доаѓаат тие нови теории? Од Христос сигуро не… напиша пејачот.

– Поддрш за сите медициснки работници кои со своите животи спасуваат луѓе дури и оние кои се уште не веруваат дека ова навистина постои!Да не ев задржувам повеќе! Со Господ напред!, заклучил Рквиќ.