Акција на ЈП Водовод – отплата на заостанати сметки без камата – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 9:50 AM

Акција на ЈП Водовод – отплата на заостанати сметки без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел исполнување на потребите на своите корисници и по неколкуте успешно спроведени акции, донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 15.03.2021 до 23.04.2021 година. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

ЈП Водовод и канализација- Скопје имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, граѓаните, во периодот од 15.03.2021 до 23.04.2021, можат да се обратат во Секторот за наплата за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита.