Бомбашки напад во Сомалија врз тим што бил на задача за подигање на свеста за Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 8:53 PM

Бомбашки напад во Сомалија врз тим што бил на задача за подигање на свеста за Ковид-19

Најмалку едно лице загина и три лица се повредени во експлозија на бомба, чија цел бил тим за информирање за пандемијата на Ковид-19 во главниот сомалиски град Могадишу, јавува Агенција Анадолија (АА).

Државната телевизија СНТВ објави дека терористот како цел го имал автомобилот кој превезувал членови на тимот за информирање за пандемијата на Ковид-19 во подрачјето Каран во Могадишу, при што возачот починал, а три лица се повредени.

Абдифатах Хасан, полициски службеник во главниот град, за АА изјави дека се работи за експлозија на нагазна мина и дека двајца од повредените се припадници на обезбедувањето кои биле во придружба на тимот за подигање на свеста за Ковид-19.

Ниту една група не презеде одговорност за нападот.

Во вторникот, канцелариите на мировната мисија на ОН и Африканската Унија во Могадишу беа погодени со минофрлачки гранати. Одговорност за нападот презеде Ал Шабаб.