Помош и поддршка преку апликацијата „Биди безбедна“ за жртвите на родово базирано и на семејно насилство – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 4:06 PM

Помош и поддршка преку апликацијата „Биди безбедна“ за жртвите на родово базирано и на семејно насилство

 

И за време на полициски час, жртвите на родово базирано или семејно насилство ќе можат да пријават на 192, СОС линиите, во Центрите за социјална работа или најблиската полициска станица – најавија денеска од Министерството за труд и социјална политика.

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија и Одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник), Министерството за труд и социјална политика известува дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700 која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE .

Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка – се вели во соопштението од Министерството.

Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.

Хуавеј:

https://appgallery.cloud.huawei.com/ag/n/app/C103316455locale=en_US&source=appshare&subsource=C103316455

Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US

Apple: https://apps.apple.com/us/app/%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0/id1536775532#?platform=iphone

Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица – додаваат од МТСП.