Роденден и погреб во ист ден – Сергеј Четковиќ ја загуби својата мајка – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 12:43 PM

Роденден и погреб во ист ден – Сергеј Четковиќ ја загуби својата мајка

Пејачот Сергеј Четковиќ во моментов минува низ многу тежок период во животот, бидејќи неговата мајка Драгица Беба Четковиќ почина пред два дена од корона вирусот, пренесуваат медиумите.

Таткото на пејачот Слободан наводно е хоспитализиран во болница поради корона вирусот.

Сергеј ја погреба својата мајка завчера, на осми март, во 14 часот, а неговата сопруга Кристина не можела да биде со него, со оглед на тоа што, како што вели изворот, и таа наводно е позитивна на корона вирусот.

Драгица по професија била фармацевт, а Слободан во минатото  важел за успешен возач и возач на рели кој бил шампион на Југославија.

Сергеј токму на 8.Март, наполни 45 години.

Пејачот немал сила да коментира на оваа тема.

– Немам никаква изјава, ниту сум подготвен за било каква изјава.. Фала,изјавил Сергеј за Телеграф.рс.

Извор: Информер.рс