На улица приведен поранешниот потпреседател на ФК Партизан, Вулетиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/21 10:05 AM

На улица приведен поранешниот потпреседател на ФК Партизан, Вулетиќ

Владимир Вулетиќ, поранешниот потпретседател на ФК Партизан, беше приведен рано изутрината на улица во близина на Обвинителството за организиран криминал во Белград.

Како што дознава nova.rs , поранешниот функционер на црно-белите  бил приведен од членовите на СБПОК , нешто после 8.30 часот. Сослушувањето во СБПОК може да трае најмногу четири часа.

Вулетиќ, како што претходно изјави, имал намера да дојде во Обвинителството за организиран криминал, со цел да се „предаде“ поради неговото поврзување  со Вељко Беливук.

Претходно објасни дека му се подготвува тв апсење.

Затоа  решил да оди во Обвинителството и за nova.rs кажал  дека е „подготвен да биде испрашуван кога и да се смета за потребно“. Тој беше приведен пред да пристигне во Обвинителството.

„Јас не сум криминалец. Сакам обвинителот да ме сослуша за сите обвинувања што ги дадов и да ме извести дали има истрага против мене.. Јас сум лојален граѓанин, верувам во независност на српското судство и ќе видиме дали ќе го имаме и во 21 век “, рече меѓу другото за nova.rs,  Вулетиќ.

nova.rs

foto-sport.blic.rs