Последната провокација од актуелниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов и неговата ВМРО БНД – на честитка за 8 Март ја вметнаа картата на голема Бугарија, ги налути и Србите.
Така, „Ало“, под наслов „Дипломатски скандал од прв ред“, пишува дека провокацијата наишла на бура реакции во Македонија, но истакнува и дека на мапата на санстефанска Бугарија се и делови на Србија и потсетува дека Каракачанов неодамна Србија ја нарекол окупатор. Слично пишува и „Новости“. Во текстот „Бугарија сака да окупира и делови од Србија“ се наведува дека на картата што ја објави Караачанов, освен цела Македонија и делови од Грција, има и делови од Србија, со градовите Пирот, Врање, Ниш…
Повеќе српски медиуми, како „Политика“, Б92,„Бета“, ја пренесуваат изјавата на македонскиот претседател Пендаровски оти со вакви провокации се прекрушува Договорот за добрососедство меѓу двете земји.