На 08.03.2021 во 12:00 часот во СВР Скопје, И.П.(50) од Скопје пријавил дека на 1 март 2021 во периодот од 14:00 часот до 15:00 часот на ул.„Христо Татарчев” неговиот татко Р.П.(83) бил удрен од мопед, кој го напуштил местото.
Како што соопшти МВР, во незгодата пешакот се здобил со повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, а на 2 март, во 22:30 часот починал.
За настанот бил известен јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.