Македонскиот репрезентативец во редовите на Лидс Јунајтед, Џани Алиоски, го одбил предлогот за нов договор од премиерлигашот со намера да ја промени средината за турски Галатасарај, пренесува „milliyet.com.tr“.
Алиоски иако во Чемпионшип лани беше почесто дел од ротацијата, сезонава во Премиер Лигата добиваше солидна шанса од Марсело Биелса во првиот тим. Сепак, некогашниот фудбалер на Лугано и крилен бек во формацијата на Игор Ангеловски, решил среќата да ја побара во еден од најголемите клубови во Турција, Галатасарај.
Прилепчанецот во кампањата 2020/21 забележа 25 настапи за овогодинешното освежување во елитата и постигна два погодоци.
Фото:
goal.com