Или пуштете не да свириме или обештетете не, музичарите разочарани од државата – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 2:05 PM

Или пуштете не да свириме или обештетете не, музичарите разочарани од државата

Кординативното тело на шест сродни музички здруженија, во кои спаѓаат  ЗУПМ – Музика Сега, Здружение на естрадни уметници – Скопје, Охридски музички еснаф, Естрада – Битола, Естрада – Струмица и Сојуз на професионални музичари–  Скопје ,  кои имаат потпишано меморандум за соработка и кој вклучува и  заеднички настап пред релевантните фактори во државава,  се разочарани од последните случувања ,  особено за  5-от пакет мерки и предлог протоколите од   угостителите.

Како што беше речено на средбата со новинарите,  нивните барања се унифицирани и недвосмислени и коренспондираат со моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите од цела држава, независно на  кој етникум и националност припаѓаат, бидејќи, како што рекоа „ сите ние сме во една моментно  лоша и крајно незавидна состојба“.

“Ние со угостителите немаме проблем, но бараме здрава логика од страна на Владата. Да пуштиш свадби, а музичарите да ги посочиш дека се проблем е нонсенс. Конкретно, или пуштете не да свириме или обештете не. Наше уставно право е да си ја вршиме нашата дејност. Имаме свои барања кои немаат врска со ниту една гранка во општеството и бараме да си ги заштитиме правата, рече Трајко Симоновски од здружението Музика сега и додаде:

“Нашиот проблем околу музичарите се решава само со еден параван и растојание од пет метри. Нема логика ние да бидеме виновни за кластери. Која е логиката вие во ресторан да влезете да пиете пиво и да не носите маска, а да нема музика и ние да не настапуваме“.

Музичарите не се задоволни од петтиот сет економски мерки.

“Понудата не ја знаеме во детали. Начинот на кој ни беше објаснета беше дека тоа ќе биде хонорар, а не помош. Членовите бараат информации, а се е неофицијално. Чекаме некој да не повика да разговараме, но две недели никој од Владата не се јави. Ако не се јават до недела, ќе тргнеме по улиците“, коментираше Симоновски.

Нивните барања се адресирани  до сит релевантни фактгори и доколку на нивните барања не се  одговори најдоцна до крајот на неделава, тие  ќе протестираат.

текст и фото: Весна Миленковска