Инцидент во болницата во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 12:45 PM

Инцидент во болницата во Гостивар

Гостиварчанец  вчера предизвикал инцидент во гостиварската Општа болница, нападна медицинско лице и искршил инвентар.

Според СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

 

МИА