Мамо ми недостасуваш – Михаела Довичинска преку стихови изрази почит кон својата мајка – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/21 11:35 AM

Мамо ми недостасуваш – Михаела Довичинска преку стихови изрази почит кон својата мајка

Жена кралица, жена лавица, ајде да зборуваме за нејзиното височество – жената! Македонски медиа сервис ги повика своите читатели да ја раскажат приказната на жената која оставила најмногу впечаток во нивниот живот, жената која е нивна хероина. На повикот се одзва и Михаела Довичинска, која за својата мајка Румена, која кон средината на ноември, минатата година почина како последица од Ковид-19 во болницата во Штип. Како Михаела ја загуби мајка дозна целата јавност, која и даде поддршка, но тоа не и ја намали болката. Михаела, на Денот на жената уште еднаш преку стихови изрази почит кон мајка и, односно кон сите мајки.

 

Сакајте ги вашите мајки.

Сакајте ги и гушнете ги.

Гушнете ги не само денес и не само на нивниот роденден.

Гушнете ги секој ден.

Најсилно.

Бескрајно.

Гушнете ги и кога мислите дека не се во право, а и кога навистина не се во право.

Гушнете ги и кога велат ,, не ”.

Гушнете ги кога се среќни.

Гушнете ги и кога вие сте среќни.

Гушнете ги и кога сте тажни.

И кога ве боли.

И кога се тажни.

И кога ги боли.

Гушнете ги денес.

Гушнете ги утре.

Гушнете ги секој ден.

Сакајте ги и гушнете ги дури можете.

Јавете им се и слушнете ги додека сѐ уште ,, бираниот број, постои “.

Кажете им дека ви недостасуваат.

Кажете им додека сѐ уште можат да го слушнат тоа.

Кажете им дека сте среќни што постојат затоа што верувајте ми – навистина сте големи среќници што ги имате.

И не само денес.

Не само утре.

Секој ден.

Сакајте ги.

До бескрај.