Мицкоски упати честитки за Меѓународниот ден на жената – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 8:31 PM

Мицкоски упати честитки за Меѓународниот ден на жената

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на неговиот фејсбук-профил упати честитки до жените по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

– Меѓународниот ден на жената се одбележува во чест на жените лидери. Жените се столб во семејството, во општеството и нивниот придонес кон одлуките, политиките и законите гради подобра иднина за сите нас. Нека е честит 8 Март, Меѓународниот ден на жената, наведе Мицкоски.