Златна грозница во Конго: Отркриена „златна планина“, се копа со лопати, па и со раце – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 8:11 PM

Златна грозница во Конго: Отркриена „златна планина“, се копа со лопати, па и со раце

По откритието дека подножјето на планина во ДР Конго содржи и до 90 отсто руда богата со злато, многумина жители на таа земја копаат со лопати, па и со раце за да извлечат златоносен материјал од земјата, пренесува ББС.

Многубројните снимки од наоѓалиштата објавени на социјалните мрежи прикажуваат многу луѓе како се обидуваат да извлечат злато.

Самостојното рударство во кое рударите користат примитивни техники е често присутни во таа африканска земја.

Златната грозница и понатаму привлекува илјадници луѓе во селото кај „златната планина“ во провинцијата Јужни Киву, па властите најавија забрана на таквото рударство се’ додека не се воспостави поголем надзор и контрола над неодамна откриеното наоѓалиште, пренесува „Дневник.ба“.