Безбедносните сили во Мјанмар отворија оган кон демонстрантите, двајца загинати – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 7:51 PM

Безбедносните сили во Мјанмар отворија оган кон демонстрантите, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени денес, откако безбедносните сили испукаа боева муниција кон демонстрантите во северниот дел на Мјанмар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Војниците, а не полицијата, испукале неколку куршуми за да ја растераат толпата во Мјичина, главниот град на мјанмарската држава Качин, јави локалниот медиум Мјичина Њуз Журнал.

Објавени се и фотографии од двајцата демонстранти застрелани во главата и фотографии од луѓе ранети од куршумите.