По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, уметникот Живко Поповски – Цветин денеска во Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе им подари свои цветни цртежи на мајките и бебињата новороденчиња. Вкупно 21 жена кои денес станале мајки и нивните новороденчиња добија цветни цртежи.
Исто така, денеска и во Битола во основното училиште „Елпида Карамади” во рамките на пригодната програма со поезија, рецитации и музика, ќе бидат подарени 80 цртежи од уметникот Цветин на децата, на наставничките и на женскиот дел од колегиумот, а две големи слики со негов потпис ќе бидат доделени на училиштето.
И во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Бистрица, околу 50 негови цртежи ќе бидат доделени на децата и на наставниците.
Цветин денеска ги посети и канцелариите на Радио Канал 77 и на припадничките на понежниот пол им подари од неговите цртежи.
Оваа таканаречена „Цветната штафета“ од утре продолжува и во училишта во скопската населба Бутел, но и понатаму низ земјава.