Крајот на пандемијата со коронавирусот нема да се случи уште неколку години доколку најбогатите држави не ги поделат свите количини вакцини сo остатокот од светот – сметаат здравствените работници. Според податоците на Обединетите нации, до средината на февруари оваа година вакцината ја примиле 191милион жители ширум светот, но повеќе од три четвртини од нив претставуваат население на само 10 држави. За разлика од тоа, во овој период во отприлика 130 држави ширум светот во кои севкупно живеат околу две ипол милијарди луѓе не е вакцинирана ниту една личност – пишува порталот ScienceAlert.
Експертот за јавно здравје и универзитетски професор, Гевин Јамеј е уште еден во низата загрижени медицински работници кои ги прозваа богатите држави да престанат да „трупаат“ вакцини против ковид-19 само за своите граѓани. Во неодамнешен коментар објавен во списанието Nature, Јамеј објасни што значи „национализмот на вакцините“ кој е себичен, а тоа го објасни преку пример со теорија на игри.
Јамеј смета дека пандемијата би можела да продолжи уште седум години доколку најбогатите држави во светот продолжат да ги „натрупуваат“ вакцините.
„Во глобалното здравство постои мислење дека доколку избие пандемијата каде било во светот, тоа може да се одрази секаде. Поради тоа, на сите нам ни е во интерес како меѓународна заедница да почнеме да делиме дози на сите, затоа што само така ќе се гарантира глобалното снабдување со вакцини“, вели Јамеј за Nature.
Постојат разни начини на кои може да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против ковид-19 во светот, а при тоа да с оствари профит. На пример, склучување меморандуми помеу производителите и побогатите држави би можело да придонесе проширување на глобалните резерви и да овозможи производство на цели лекови ширум светот .
„Како нации ние сме како бродови во океан. Имено, заедно се креваме и паѓаме“, вели Јамеј.
Новиот механизам Ковакс се смета за добар пример кој може да не’ одржи на површина без преседан. Ковакс програмата на СЗО има план за вакцинирање на луѓето во сиромашните земји и земјите со средни приходи ширум светот. Целта е до крајот на оваа година да се испорачаат најмалку две милијарди дози за да се покријат 20 отсто од најзагрозените 91 земја во светот. Досега на овој механизам се приклучија околу 190 држави, но на крајот бројни богати држави ги купија вакцините од производителите, па 16 проценти од светската популација купи повеќе од половината од достапните дози.
Ваквиот пристап, кој Јамеј и неговите колеги го нарекуваат „прво мене“ е главна закана за да се постигне колективен имунитет на глобално ниво. На тој начин, многу луѓе уште во старт се осудени на смрт и болест, едноставно поради местото на кое се родени, а истовремено на вирусот му се „пружат прилики“ за мутации до таа мера што веќе нема да реагира на вакцините кои се достапни.
Нема начин на кој богатите држави би можеле да бидат спречени во ваквото однесување, но механизмот Ковакс би можел да влијае на начинот на кој се договараат работите, така што од нив да може да имаат корист и посиромашните држави и да престане „грабежот“ – додава Јамеј.
Извор: 24sata.hr