Новак Ѓоковиќ испиша историја – тенисерот го сруши светскиот рекорд! – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 10:23 AM

Новак Ѓоковиќ испиша историја – тенисерот го сруши светскиот рекорд!

Тој се најде на првото место на АТП-листата за прв пат на 4 јули 2011 година, веднаш по освојувањето на својот прв трофеј на Вимблдон.

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна 311. недела на врвот на АТП-листата и го сруши рекордот на Роџер Федерер од 310 недели.

Светскиот рекет број 1 стана најдобар во историјата во тој параметар и треба да помине многу време за некој да го симне од таа позиција.

Резултатот на Ѓоковиќ е импресивен, а сигурно во наредниот период уште повеќе ќе го подобри.

Неговиот рекорд ќе беше уште подобар ако АТП-листата не беше „замрзната“ пет месеци минатата година поради пандемијата со короната.

Зад Новак и Роџер е познатиот Американец Пит Сампрас (286 недели), потоа Иван Лендл (270), Џими Конорс (268), Рафаел Надал (209), Џон Мекинро (170), Бјорн Борг (109), Андре Агаси (101).

Ѓоковиќ ја започна годината фантастично со освојување на рекордната деветта титула на Австралија опен, тој сега има вкупно 18 грен слем трофеи и јасно е дека следна цел му е да стигне до Федерер и Надал, кои имаат по 20.

Тој е единствениот играч кој ги освоил Златните мастерс  (титули на сите девет турнири), и го држи рекордот со 36 титули од серијата 1000.

Годината ја заврши шест пати како најдобар на АТП-листата и го држи рекордот заедно со Пит Сампрас.

Тој освои пет титули во финалето на АТП во сезоната, а особено е важен фактот дека има подобар меѓусебен скор против Федерер (27-23) и Надал (29-27).

 

Ивор и фото: Курир.рс