Денот на жената е совршена можност да и дадете совршен подарок на вашата партнерка. Докажете и на вашата душичка дека ја поддржувате родовата еднаквост и возвраќајте во сексот со еднаква мерка. Драги мажи, не давајте само на вашата сакана букет цвеќе, а потоа да ја напаѓајте како манијак. Бидете повнимателни и погрижливи од вообичаеното затоа што таа го заслужи тоа.
Чувствителни точки
За почеток, нежно бакнете ја вашата мила, само полека и бакнете ја во пределот на вратот и ушите. Како што се загрева атмосферата, зголемете го притисокот и допрете ја по целото тело. Кај многу жени има многу чувствителни точки на вдлабнатините на подлактиците и потколениците а градите и стомакот зачувајте ги за крај, како шлаг на тортата.
Галете ја по косата
Не заборавајте да си играте со нејзината коса, што го зголемува чувството на блискост помеѓу партнерите. Од нежни допири спротивни на правецот на раст на косата, трпки ќе и поминат низ грбот. Исто така, многу жени сакаат да бидат повечени за коренот на косата непосредно пред оргазмот, но секако, зачувајте го тој детал за крај.
Контакт со очи
Сите вистински заводници знаат дека одржувањето контакт лице в лице е клучот за заведување. Уловете го нејзиниот поглед за време на вечерата и не дозволувајте да помине до самиот крај.
Мажите често мислат дека само тие се визуелни типови, но тоа не е сосема точно. Имено, жените не заостануваат многу во однос на мажите во овој поглед, па оставете ја да ве гледа додека се соблекувате, а може да си дозволите и стриптиз. Не грижете се за салото околу стомакот затоа што за жена што ве сака вакви работи не се важни.
Секоја жена обожава да слуша колку е убава и колку ја сакате и никој не е имун на комплименти. Кажете и кој дел од нејзиното тело е особено секси за вас и не двоумете се да ја допрете на сите делови од нејзиното тело. Некои жени сакаат да слушаат валкани зборови за време на сексот, но бидете внимателни и пронајдете ја вистинската мерка. Постои голема разлика помеѓу запаливи нечисти зборови и банални вулгарности.
На крајот на краиштата, ако ги следите овие упатства, вашата мила ќе ви биде многу благодарна. Само еднакво задоволна жена е истовремено среќна жена и подготвена да ги исполни дури и вашите најскриени фантазии. Затоа, не чекајте и одете на работа.
Извор: depo.ba