Според последните владини податоци, досега во Србија се дадени 1.651.170 дози вакцина за коронавирус.
Како што се наведува, досега 620.825 лица ја примиле втората доза на вакцината.
Граѓаните на Србија се вакцинираат со рускиот „Спутник В“, кинеската „Синофарм“, вакцина изработена од американската компанија „Фајзер“ и германскиот „Бионтек“, како и вакцината на британско-шведската компанија „Астра Зенека“ “и Универзитетот во Оксфорд.
Преземено од: https://indeksonline.rs/