Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин на денешното примопредавање на првата пратка од 3.000 дози на руската вакцина „Спутник В“ истакна дека со големо задоволство е прустен на примеот, кој е убеден дека ќе биде од голема важност за спасување на човечки животи и како што рече враќање на македоснката економската во траекторијата на растот.
„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме подготвени да се прошируваме во други области, на основа на еднаквост и заедно почитување на интересите“, рече Баздникин.
Познато е дека „Спутник В“ е првата регистрирана вакцина против Ковид 19 во светот базирана на платформа на човечкиот аденовирусен вектор, рече рускиот амбасадор.
„Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега со право станува светски бестселер. Со Северна Макеоднија, вакцината е регистрирана во 406 земји во светот вклучувајќи и неколку држави во ЕУ. Сега е во забрзана постапка во Агенција за лекови за да ја испитува делотворноста врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО и да се користат во вонредни ситуации“, рече рускиот амбасадор.
На граѓаните им посака добро здравје, а на храбрите лекарите и медицинскиот персонал вклучени во пандемијата брза победа на пандемијата, со што верува дека руската вакцина ќе биде вредно оружје.
Г.Д