Швајцарците денес гласаат за забраната на носење бурки – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/21 11:20 AM

Швајцарците денес гласаат за забраната на носење бурки

Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за нацрт-законот за забрана за носење никаб и бурки што ги носат одредени муслимански жени во таа земја, а исто така има и гласање за забрана за носење ски маски и шалови над лицата за време на демонстрациите.

Анкетите покажуваат дека резултатите од гласањето ќе бидат неизвесни, објави АП.

Мерката ќе опфати луѓе на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз и одење по улица.

Исклучок би биле верските објекти, или во случај на безбедносни и здравствени причини, бидејќи луѓето сега носат маски за да се заштитат од пандемија на ковид.

Швајцарската влада се спротивставува на мерката и вели дека покривањето на лицето е „маргинално“ прашање.

Се додава дека ваквите мерки би го загрозиле туризмот, затоа што повеќето жени кои доаѓаат како туристи од арапски земји кои го кријат лицето.

Застапниците на законот велат дека носењето шамија ја симболизира репресијата врз жените и велат дека се потребни мерки за да се зачува принципот според кој треба да се прикажуваат лица во слободно општество како што е Швајцарија.

Преземено од: https://www.blic.rs/