Србија денеска од пладне е во делумен карантин – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/21 5:04 PM

Србија денеска од пладне е во делумен карантин

Според одлуката на Кризниот штаб на Србија, од денеска во 12 часот до понеделник во 6 ќе бидат затворени сите кафулиња, спортски сали, цвеќарници, книжарници и трговски центри. Ќе работат само продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и доставата на храна.

Пазарите и театрите ќе бидат отворени до 21 часот. Сите закажани спортски настани, натпревари и настапи ќе продолжат да се одржуваат, но без присуство на публика.

Сите угостителски објекти ќе останат затворени во текот на целиот викенд, освен кафулињата и рестораните во хотелите, на кои ќе им биде дозволено да служат гости само со регистриран престој.

В понеделник, сè се враќа како што беше до петокот, односно сè повторно се отвора, освен што тогаш средните училишта преминуваат на онлајн часови, пишуваат српските медиуми.

За во вторник е закажана нова седница на Кризниот штаб, кога ќе бидат разгледани ефектите од викенд-мерките.

фотографии: Танјуг