Полицајците од СВР Тетово попладнево во тетовско Ратае нашле и привеле жител на скопско Коњаре кој се барал за издржување на затворска казна. Осуденикот бил најден околу 17 часот.
Полициски службеници на Секторот за меѓународна полициска соработка – Оддел за потраги на МВР, во содејство со СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопско Коњаре, осуден на седум и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба”, согласно член 236 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По приведувањето, реализирано со судска наредба 41 годишникот е спроведен во КПУ „Идризово” во Скопје за издржување на казната.