Како последица од Ковид-кризата, во Тетовско за една година без работа останале 7.500 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 7:51 PM

Како последица од Ковид-кризата, во Тетовско за една година без работа останале 7.500 луѓе

Како последица од Ковид кризата, во Тетовско за една година без работа останале повеќе од 7.500 лица, Најпогодени сектори биле трговијата и преработувачката дејност.

Експертите велат дека криза е секаде, но најсиромашните ковид-кризата ги погодила најмногу. Тетовско, како познат печалбарски крај, и понатаму не го губи овој епитет, па и сега во време на Ковид-19 многу луѓе го напуштаат овој регион и замиуваат на печалба во западноевропските земји.

За само една година со повеќе од 7.500 невработени или со повеќе од 20 000 лица кои чекаат во Агенцијата за вработување, Тетово според бројот на невработени е веднаш по Скопје. Трендот на раст на  бројот на невработени според очекувањата на експертите ќе продолжи и понатаму, ако се земе предвид дека кризата се’ уште не е завршена, а последиците, особено економските, допрва ќе се чувствуваат.

З.Д.