(ВИДЕО) Балканците повторно ја „тресат“ сцената во Италија: Ибра запеа на „Санремо“, овојпат во дует со Синиша Михајловиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 1:01 PM

(ВИДЕО) Балканците повторно ја „тресат“ сцената во Италија: Ибра запеа на „Санремо“, овојпат во дует со Синиша Михајловиќ

Веруваме дека сите се запознаени со веќе легендарното интро на Златан Ибрахимовиќ на престижниот музички фестивал „Санремо“, придружуван со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ. Тогаш Ибра само се појави на сцената, а овојпат отиде чекор подалеку.

Напаѓачот на Милан го фати микрофонот во рака и запеа. Но не сам, туку во дует со поранешниот тренер на Милан и фудбалската икона на екс-ју просторите, Синиша Михајловиќ. Босанско-српската музичка колаборација преку италијанскиот евергрин „Io Vagabondo“ на групата „Nomadi“ звучеше одлично.

Двоецот кој во минатото освојуваше Скудета во екипата на Интер, на почетокот малку и срамежливо влезе во „такт“, но како што одминуваше времето изведбата стануваше подобра.

 

 

Ибрахимовиќ насмеан, Михајловиќ здрав и насмеан по борбата со тешката болест, добра италијанска музика. Ова снимка едноставно плени.