Полицајци и инспектори во Тетово по пријава утврдиле дека во угостителски објект е организирана свадба по што локалот е затворен, а сопственикот приведен. Контролата била извршена вчера во 16 часот и 10 минути, при што е утврдено дека во локалот има 110 гости.
-Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости. Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Сопственикот бил лишен од слобода и задржан полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.