Бившата на Роналдо позира на плажа – нема маж кој не би посакал да биде фотограф – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 8:52 PM

Бившата на Роналдо позира на плажа – нема маж кој не би посакал да биде фотограф

Шпанската манекенка и поранешна мисица Дезире Кордеро (28) на плажа во Канкун им приредила на папараците вистинско шоу.

Убавата Шпањолка која во јавноста стана позната бидејќи беше во врска со Кристијано Роналдо, позирала на песокот, додека нејзината пријателка ја фотографирала, а поради минијатурното бикини кое го носела странала главна атракција на плажата.

За нејзината врска со најславниот фудбалер на светот се пишуваше во 2016 година, а таа поради него наводно го оставила момчето и се преселила во Мадрид.

Не многу долго откако се дозна дека се заедно, шпанските медиуми почнале да пишуваат дека го оставила, а се појави и другата страна на приказната според која Роналдо иницирал раскинување, бидејќи не сум се допаѓало тоа што неговата врска станала јавна.

Што и да се случило, и двајцата продолжиле во љубовна смисла, а Кордеро набрзо го заменила Роналдо со уште еден славен фудбалер со кој е во врска од 2018 година. Роналдо после неа, среќата ја најде во Георгина Родригез со која го доби и своето прво биолошко дете.Дезире почнала да се занимава со манекенство од 17 години а кариерата и тргнала во нагорна линија после 2014 година, кога станала Мис во Шпанија. Истата година ја претставувала својата земја на Мис Универзум и влегла во топ 10 најубави жени во светот.

Извор: Телеграф.рс