Ракометарите на скопски „Вардар“ со пораз ги завршија натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите. Во Скопје вечерва загубија од „Мешков Брест“ со 32-36 (12-20). Белорускиот шампион во текот на целиот натпревар водеше, полувремето го заврши со предност од осум гола, а го конролираше мечот до крајот и заслужено победи. Најефикасни кај „Вардар“ беа Дибиров со девет и Гаџа со седум гола.
„Вардар“ завршува како седми во групата и во осминафиналето од Лигата на шампионите треба да игра со „Веспрем“.