Земјотрес од 7,3 степени во Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами, граѓаните повикани да одат на повисоки места – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 4:11 PM

Земјотрес од 7,3 степени во Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами, граѓаните повикани да одат на повисоки места

Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени е регистриран источно од Северниот Остров на Нов Зеланд околу 2,27 часот по локално време, како што соопштува сеизмолошката агенција на таа земја, пренесуваат агенциите.

Објавено е и предупредување за цунами. Агенцијата за вонредни состојби ги повика сите граѓани што се во близина на брегот веднаш да се упатат на повисоки места. Земјотресот траел околу една минута. Досега нема информации за евентуални жртви.